Роналд Куман вчера доби отказ од тимот на Барселона.
По бројните шпекулации за заминување, раководството на каталонскиот тим реши да му врачи отказ на Холанѓанецот по поразот од Рајо Ваљекано (1:0).
Многу навивачи на Барселона се задоволни од одлуката, а среќен е и играчот од средниот ред на БиХ, Миралем Пјаниќ, кого Куман буквално го исфрли од клубот.
Откако само остави „лајк“ на сликата за отказ, тој денеска на својот Инстаграм остави навистина брутална порака која веројатно е посветена на Куман.
„Знаеја кога да го пуштат тоа срање.“
📲| Miralem Pjanić on instagram. pic.twitter.com/ewIBqOXqJP
— Barça Buzz (@Barca_Buzz) October 28, 2021
Да потсетиме, 31-годишниот играч за врска на БиХ имаше многу проблеми со холандскиот тренер на Камп Ноу.