Српскиот фудбалер Александар Митровиќ останува во Фулам до 2023 година, откако минатата сезона играше како позајмен фудбалер од Њукасл.
По долги преговори Њукасл ја прифати понудата на клубот од Лондон, а неофицијално висината на обештетувањето ќе изнесува околу 20 милиони фунти.
Митровиќ минатата сезона одигра 17 натпревари и постигна 12 голови за Фулам и со одличните настапи го привлече вниманието на раководството на клубот, кое му понуди петгодишен договор.
– Среќен сум што ја официјализиравме соработката со Фулам. Ги сакам нашите навивачи и имам добра врска со нив. Оваа е голем клуб и минатата сезона направивме големи работи и сакам да продолжиме така, истакна Митровиќ.
Фулам под раководство на неговиот сонародник тренерот Славиша Јокановиќ се врати во Премиер лигата.
МИА