четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Млад фудбалер на Рома се расплака по дербито поради смртта на неговиот татко (ФОТО)

Млад фудбалер на Рома се расплака по дербито поради смртта на неговиот татко (ФОТО)

Младиот фудбалер на Рома, Никола Залевски со посебни емоции играше на големото римско дерби, неодамна неговиот татко ја загуби битката со ракот и почина.

Талентираниот полски фудбалер влезе во игра во текот на вториот дел од големото „Дерби де ла Капитале“ кое Рома го загуби со 3-2. По последниот свреж на судијата тој гледаше во небото и плачеше а соиграчите го тешеа. Во петокот починал неговиот татко по долго боледување.

Пред неколку недели Залевски дебитираше за репрезентацијата на Полска а неговиот татко беше на трибините и плачеше од среќа.