Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ќе игра на силен меѓународен турнир во Анталија, Турција, како подготовка за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство во 2023 година кои ќе стартуваат во септември.
Избраниците на Благоја Милевски ќе имаат два турнири .Првиот ќе биде во Анталија, а противници на Македонија на овој турнир ќе бидат селекциите на Казахстан, Словачка и Бугарија. Натпреварите ќе се играат на 24, 27 и 29 март.
Нашиот национален тим ќе има уште еден турнир во месец јуни.