четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Младата ѕвезда на Барса на сред натпревар отиде во тоалет… и не се врати

Младата ѕвезда на Барса на сред натпревар отиде во тоалет… и не се врати

Младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал имаше несекојдневен момент на натпреварот против Порто, напаѓачот „исчезна“ откако мораше во тоалет на сред натпревар и потоа не се врати на теренот.

Ламине Јамал синоќа испиша историја и стана најмладиот стартер во Лигата на шампиони, но имаше и еден несекојдневен момент кога „исчезна“ на неколку минути.

Во второто полувреме, еден фудбалер на Порто се жалеше на повреда, па топката беше исфрлена во аут за да му се укаже лекарска помош. Во тој период Ламине Јамал се упати во соблекувалната и не се врати повеќе на теренот.

Чави го чекаше младото момче околу 5 минути, и кога виде дека нема абер од него, реши да направи замена и во игра го вметна Маркос Алонсо.

По крајот на натпреварот, тренерот на Барса рече: „Ламине Јамал не се чувствуваше добро. Подолго време ми кажуваше дека не му е добро, дека го мачи стомакот. Искористи прилика кога натпреварот беше во прекин, но не можеше да продолжи, ми кажаа дека нема да се врати“.