понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Младинците на Македонија одигра нерешено со Словачка на турнирот во Анталија

Младинците на Македонија одигра нерешено со Словачка на турнирот во Анталија

После поразот од Казахстан во првиот натпревар денес селекцијата на Македонија до 21 година одигра реми иако бевме блиску и до победа, водевме со 0:2, но на крајот Словачка успеа да дојде до 2:2.

После ударот на човекот од кого се очекува да биде предводник на оваа генерација Дарко Чурлинов еден репрезентативец на Словачка си постигна автогол во 24. минута.

До втор гол стигнавме после само четири минути игра во второто полувреме.

Словачка се разбуди во финишот, прво 71. минута намалија на 1:2, за на шест минути пред крајот на регуларните 90 да дојдат до 2:2.

До крајот на турнирот во Анталија Македонија ќе одигра уште еден натпревар и тоа против Бугарија, тој дуел е закажан за во понеделник.