По успешно завршените медицински прегледи играчот на ФК „Академија Пандев“, осумнаесетгодишниот Јани Атанасов, потпиша четиригодишен договор со турскиот прволигаш Бурсаспор.
– На Јани сите му посакуваме многу успеси во новиот клуб и натамошната фудбалска кариера, а ние ќе продолжиме уште повеќе да вложуваме во младинските категории и со правилна работа и посветеност во иднина да создаваме играчи кои ќе бидат дел од најсилните фудбалски лиги, објави раководството на струмичкиот прволигаш.
Инаку, Атанасов е втор играч со трансфер од Академија Пандев, по тој на Кристијан Трпановски во Славија од Прага минатиот летен преоден рок.