Барселона киксна на втор натпревар во низа во домашното првенство и не запиша планирани три бода, односно во период од седум дена, испушти четири од можни шест.
Тимот на Чави Ернандес најпрво ремизираше со Џирона на домашен терен минатиот понеделник, но во неделата, не успеа да го победи ниту Хетафе кој води грчевита борба за опстанок.
Најнепопуларниот резултат 0:0 ги разочара неутралните вљубеници на фудбалот кои одвоија време да го гледаат овој меч, но сепак имаше една секвенца која ги изнасмеа сите и крај малите екрани.
Тројца млади фанови беа уловени како се искачиле на соседното дрво до една од трибините, па така со малку мака, сами се погрижили за „ВИП“ билети во шпанската Ла Лига.
Несекојдневната сцена веднаш стана вирална на социјалните мрежи, а едно од момчињата сега долови и како изгледа перспективата од нивни агол, односно каква глетка имале кон теренот.
¡DESDE EL ÁRBOL, MIRANDO AL BARCELONA!
📝 Se hicieron viral éstos muchachos, que subieron a un árbol para ver el partido entre #Getafe vs #Barcelona. pic.twitter.com/G7ADcoGLUV
— Rolanga (@RolangaPy) April 17, 2023
A falta de un asiento en la grada, el Getafe 🆚 Barcelona se mira desde un árbol 🫤pic.twitter.com/gaCCtwr6am
— GOAL España (@GoalEspana) April 16, 2023