Македонските женски фудбалски репрезентации до 17 и до 19 години денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дознаа противниците за следните квалификации што ќе се одиграат 2023 година.
Женската репрезентација на Македонија до 19 години се наоѓа во Б лигата и за противници ќе ги има Израел, Грузија и Гибралтар во рамките на групата 1. Македонската репрезентација ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир што ќе се одржи од 3 до 11 април.
Женската репрезентација на Македонија до 17 години во А лигата ќе игра против Германија, Португалија и Унгарија во рамките на групата 3. Домаќин на квалификацискиот турнир е репрезентацијата на Португалија во периодот од 22 март до 30 март. (МИА)