петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Модриќ: Донесов одлука за иднината

Модриќ: Донесов одлука за иднината

Во финалето од завршниот турнир во Лигата A од Лигата на нации триумфираше репрезентацијата на Шпанија против Хрватска со 5-4 по подоброто изведување на пенали.

Овој натпревар номинално беше последен на Лука Модриќ во дресот со државниот грб. Иако фановите му пееја да остане и да игра и во евро-квалификациите, кои продолжуваат во септември, капитенот испрати мистериозна порака по финалето во Ротердам.

„Голема штета. Се боревме до последен момент, натпреварот беше многу тензичен на двете страни. Тежок дуел, надигрување и за жал тие пенали отидоа на другата страна и тоа е тоа.Реков дека донесов одлука за мојата репрезентативна иднина, но не сакам сега да зборувам за тоа“, изјави капитенот на хрватската репрезентација за една од националните телевизии по натпреварот во Ротердам.