Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (36) попладнево во придружба на клупскиот претседател Флорентино Перез потпиша нов едногодишен договор со кој ќе остане во Реал Мадрид до 30 јуни 2023 година.
– Лука Модриќ го обнови договорот во клупскиот центар Сиудад Реал Мадрид, кратко соопшти актуелниот шпански и европски првак.
Модриќ, кој со 36 години е највозрасен играч на Реал, пристигна во Мадрид со приватен авион, а по потпишувањето на договорот во текот на денот ќе се врати во таборот на хрватската репрезентација со која се подготвува за дуелот против Данска во Лигата на нации.