сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мојс може да се врати на тренерската позиција во Евертон

Мојс може да се врати на тренерската позиција во Евертон

Шкотскиот фудбалски стручњак, Дејвид Мојс може одново да го предводи Евертон ако Марк Силва си даде оставка, тврди „Скај спорт“.

„Карамелите“ загубија шест од последните девет натпревари во англиската Премиер лига.

Тимот го зазема 15. место на табелата со 14 од можни 39 бода.

Педесет и шестгодишниот Мојс работеше во Евертон од 2002 до 2013 година.

Последеното место на кое работеше беше Вест Хем, од каде беше отпуштен во текот на сезоната 2017/18.

Мојс го предводеше и англискиот великан Манчестер јунајтед од 2013 до 2014 година.