Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери може да го предводи Монако, пренесува „Ле10спорт“. Раководството на тимот од Кнежеството е заинтересирано да го смени сегашниот тренер Леонардо Жардим.
Монако веќе контактирал со шпански специјалист, но досега тој не е подготвен да се врати на тренерската работа. Претходно беше објавено дека Монако ќе го разрешат Jардим заради незадоволителни резултати. Меѓу кандидатите за негова замена се спомнуваа Марселино и Лоран Блан.
По 18. кола, Монако го зазема седмото место на табелата во Лига 1.