четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Монца заинтересирана за Белоти кој чини повеќе од половина од тимот

Монца заинтересирана за Белоти кој чини повеќе од половина од тимот

Монца, која следната сезона ќе игра во првата дивизија на италијанското фудбалско првенство, има намера да го ангажира напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, пишува „La Stampa“.

Договорот на 28-годишниот напаѓач со сегашниот негов клуб истекува на 30 јуни оваа година. Така, дебитантот во Серија А може бесплатно да потпише со напаѓачот на Италија.

Белоти оваа сезона одигра 23 натпревари за Торино и постигна осум голови. Вредноста на напаѓачот според „ Transfermarkt“ е 28 милиони евра. Вкупната вредност на сите играчи на Монца едвај надминува 45 милиони евра.

Монца во неделата се пласираше во Серија А, победувајќи ја Пиза со 4:3 во баражот.

Новајлијата во италијанското првенство е во сопственост на поранешниот премиер Силвио Берлускони.