четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Монтела: Селекторот на Италија мора да биде со бела коса

Монтела: Селекторот на Италија мора да биде со бела коса

Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела со доза на хумор го прокоментира прашањето дали би сакал да го преземе националниот фудбалски тим на Италија.

Монтела изјави дека селекторот на „Азурите“ задолжително треба да има бела или сива коса, за да изгледа достоинствено и го посочи како таква опција Роберто Манчини.

– Се чувствувам прекрасно на функцијата во Севиља, а може и затоа никој од Фудбалската федерација на Италија не контактирал со мене. Сметам дека селекторот на репрезентацијата на нашата земја треба да биде со бела коса или барем со сива. Јас во овој момент имам сосема малку бели влакна на главата. Но, неколку пати се видов со Роберто Манчини – тој има многу бели влакна, имајте го предвид, рече Монтела.

Откако се смири ситуацијата во салата на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“, веќе целосно сериозно, тренерот на Севиља го препорача за функцијата Клаудио Раниери.

– Селекторот треба да знае во која насока се движи. Во Италија има многу добри експерти, мислам дека Раниери одговара прекрасно на функцијата – од една страна има многу големо меѓународно искуство, а од друга е многу урамнотежен човек. Забележувам дека секогаш го избира вистинскиот пристап за тимовите што ги тренира, додаде Монтела.

Во моментов Луиџи ди Бјаџо е избран да ја извршува должноста селектор, а Федерацијата уште нема јасна позиција како точно ќе се пристапи по ова прашање. Пред него на чело на „Азурите“ беше Џанпиеро Вентура, кој беше отпуштен по неуспехот да го квалификува тимот за Светското првенство ова лето.