Алваро Мората не успеа да постигне договор со Јувентус за да остане во клубот уште една сезона, па сега ќе се врати во редовите на Атлетико Мадрид.
Шпанецот не добил цврсти гаранции од Торино дека ќе биде прв избор во тимот, во присуство на Душан Влаховиќ кој сега со сигурност ќе добива поголема минутажа од сите негови „конкуренти“ во офанзивната линија на Јувентус.
Токму поради тоа била донесена конечна одлука Јувентус да не ја активира клаузулата според која може да го октупи неговиот договор од Атлетико Мадрид, па играчот сега ќе се врати назад во шпанскиот тим.
Атлетико Мадрид остана без услугите на Луис Суарез кој си замина од клубот, па сега станува јасно дека Мората ќе го пополни неговото место.
Шпанскиот офанзивец има интересна кариера во која никако не успева да се задржи подолго од две сезони во еден клуб, иако веќе помина значаен дел од најголемите европски тимови.