четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мората нема намера да го менува Атлетико со Манчестер

Мората нема намера да го менува Атлетико со Манчестер

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората по натпреварот од 1. коло на шампионатот на Шпанија против Хетафе (3:0) изјави дека сака да остане во клубот.

Претходно беше објавено дека шпанскиот напаѓач би можел да се пресели во Манчестер јунајтед.

– Навистина сакам да останам во Мадрид и да играм за Атлетико во многу натпреварувања. Мило ми е што сум тука, како и секогаш. Можам да продолжам да работам и да се трудам да носам резултати за тимот на секој натпревар. Атлетико е еден од најдобрите клубови во светот. Да, има понуди за трансфер, не можам да сторам ништо околу тоа, само продолжувам да работам. Среќен сум овде и сакам да продолжам да настапувам, изјави Мората за „Marca“.

На мечот со Хетафе, 29-годишниот напаѓач постигна два гола.

Последните две сезони Мората ги мина во Јувентус на позајмица. На 67 натпревари во Серија А, постигна 20 гола и оствари 16 асистенции. Неговиот договор со Атлетико е со важност до 30 јуни 2023 година.