Раководството на италијанскиот фудбалски тим доби ужасно предупредување од непознати лица во вид на пакет во кој имало отсечена глава од свиња, а кој бил доставен во клупските канцеларии.
Подарокот препратен со порака за доскорешниот претседател Масимо Ферера и актуелниот потпретседател Антонио Ромеи, во која пишувало – следните пресечени глави ќе бидат вашите.
Полицијата веднаш била повикана, а предводниците на клубот веднаш објавија соопштение во кое го изразија својот бес и разочараност пред уште еден грозен чин на заплашување.
Минатиот месец празен куршум бил доставен во канцелариите на Самдорија на сметка на Фереро, кој и покрај оставката се уште е мнозински сопственик, кој според навивачи тврдоглаво одбива да го продаде клубот на луѓе кои имаа желба и пари да го спасат од бездната.
Тимот од Џенова во моментов е претпоследен во Серија А со само 11 бодови од 23 меча, а е осум бодови под зоната за опстанок.