Терористичката организација Исламска држава наводно припрема нови напади и тоа нa Светското првенство кое ќе се одржи во Русија. За напади на играчи и сите кои ќе ги бодрат ќе користат дронови на кои ќе има прицврстено бомби.
Шокантните фотографии и видеозаписи објавени се на шифрираната апликација Телеграм каде се наведуваат детални планови за нападот.
Една од фотографиите покажува дронови кои носат противтенковски ракети, но и терористи кои се враќаат во Ирак и Сирија, каде што научиле да ракуваат со тие дронови, пишува Дејли Мејл.
Оваа морничава најава доаѓа откако сигурносните служби признале дека Светското првенство е можна цел на ИСИС.
Елад Езрачи од фирмата Сиксгил, изјави за Стар дека известувачките податоци наведуваат на внимание, односно дека овие информации мора да се сфатат многу сериозно.
-Ако оваа технологија ја користат за напади во текот на Светското првенство, тоа би можело да предизвика катастрофални последици, предупредува тој.