недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Можеби веќе го имаме голот на сезоната: Ѕвездата на Парма претрча цел терен, мина неколку играчи и постигна ефектен погодок (ВИДЕО)

Можеби веќе го имаме голот на сезоната: Ѕвездата на Парма претрча цел терен, мина неколку играчи и постигна ефектен погодок (ВИДЕО)

Парма денеска успеа да дојде до важни три бода на домашен терен против Каљари.

Тимот од Енио Тардини победи со 2:0, резултатот го отвори Роберто Инглезе во 20-та минута, но она по што ќе се памети овој натпревар е неверојатниот гол на Жервињо, гол во стил на Марадона.

Играчот од Брегот на Словота Коска, успеа да постигне гол каков што ретко се гледа, можеби и веќе да се каже дека е и во конкуренција за гол на сезоната.

Тој претрча скоро цел терен минувајќи неколку играчи и на ефектен начин успеа да постигне гол за победа на својот тим од 2:0.

Погледнете го ова фантастично дело на Жервињо: