петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Му се намалиле приходите, Боатенг ќе мора да плати казна од „само“ 1,2 милиони евра

Му се намалиле приходите, Боатенг ќе мора да плати казна од „само“ 1,2 милиони евра

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и репрезентативец на Германија, Жером Боатенг не успеа да биде ослободен од обвинувањата за физички напад врз поранешната девојка, но му ја намалија паричната казна поради намалените приходи.

Минатата година, Жером Боатенг беше осуден за физички напад врз поранешната девојка и мајка на неговите две ќеркички.

Скандалот се случи во 2018 година во луксузно одмаралиште на Карибите по елиминацијата на Германија во групната фаза на Светското првенството.

Дефанзивецот ја обжали оваа пресуда, но судот од Минхен синоќа ги отфрли неговите аргументи и го прогласи за виновен.

Судот сепак му го прифати барањето да се намали паричната глоба, поради намалените приходи на Жером Боатенг, тој сега ќе мора да плати 1,2 милиони евра, наместо 1,8 милиони евра.