По стартот на Изборното Собрание на ФФМ на Македонија ,свое обраќање имаше единствениот кандидат за претседател на Куќата на Фудбалот,Муамед Сејдини .
„Сега сме на Европско првенство, ФФМ и репрезентацијата ги живеат најсветлите моменти, но и ова за некои не е успех во нивните очи. За мене, за овој Управен одбор, ова се моменти на гордост и слава, а после две децении фудбалот сите нѐ сплоти. За неколку месеци ќе играме на ЕП и среќни сме што ќе бидеме меѓу најдобрите во Европа. Некои велат за да успеете се потребни пријатели, а за да успеете повеќе ви се потребни непријатели.Горди сме на сработеното. оваа федерација помага секаде каде искрено сакаат поддршка во инфраструктура, а имавме инфраструктурни проекти во Охрид, Чаир, Штип, Струмица, Кавадарци.
Подготвени сме да помагаме уште повеќе во проекти, таму каде што сакаат да го развиваат фудбалот во Македонија. Сериозноста се потврдува и преку плановите во стратегискиот план, а сега сме во подготовка на нов четиригодишен, посебно за развој на женскиот фудбал. Се обидовме на сите да им помогнеме на сите во оваа криза, финансиски и технички, и на селекциите, клубовите, ама и на нашиот здравствен систем.
Неколи луѓе и институции се обидоа да фрлат дамка на целиот наш успех во оваа извонредна 2020 година и со А-селекцијата и со младата репрезентација, прогласувајќи нѐ за сива зона, која работи надвор од законот. ФФМ ги почитува законите, имаме Статут кој е усогласен со домашните закони, со УЕФА и ФИФА.
Не бегаме од разговор околу нашиот статут и евентуалното менување, заедно со УЕФА, ФИФА и државното тело, за да разговараме, но без уцени кој би значело црна зона за клупскиот и репрезентативен фудбал, без мешање на политиката. Среќни сме што постигнавме најдобри резултати, тоа е наш правец и во иднина“- се обрати Муамед Сејдини во обраќањето до присутните .