Францускиот фудбалски репрезентативец Норди Мукиеле (24) преоѓа од германски Лајпциг во редовите на францускиот шампион ПСЖ, јавија денеска британските медиуми.
ПСЖ ќе плати обесштетување од 12 милиони евра, а заедно со бонусите вкупниот износ е 15 милиони евра.
Дефанзивецот Мукиеле е трето засилување во редовите на ПСЖ пред стартот на новата сезона по португалскиот играч од средниот ред Витињо и талентираниот напаѓач Уго Екитике.