среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо го пофали бруталниот Кјелини: Она што го направи против Сака…

Мурињо го пофали бруталниот Кјелини: Она што го направи против Сака…

Жозе Мурињо го пофали Џорџо Кјелини за потегот кој го направи италијанскиот дефанзивец во финалето против Англија.

Кјелини беше скоро перфектен, освен во една ситуација кога движењето на Сака го изненади по аут линијата и му побегна, па овој некако посегна по дресот на Сака, со цел да го запре.

Тоа му се допадна на Мурињо бидејки дури и таквиот прекршок, бил со стил како што кажува тој.

„Она што го направи Кјелини против Сака, доволно зборува за него. Тоа беше буквално единствената грешка која ја направи Кјелини во финалето, го загуби маркираниот играч на аут линијата. Знаеше што треба да направи и тоа го направи. Тоа е класа дефанзивец и доста мудро момче“, порача Мурињо.

Дури и самиот Кјелини истакна дека тоа е секако прекршок, но дека морал да го направи за случајно да не го загубат финалето.