вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо ја отпиша репрезентацијата на Хрватска

Мурињо ја отпиша репрезентацијата на Хрватска

Пред четири години беа дел од финалниот натпревар на СП 2018, а денеска репрезентативците на Хрватска играат за пласман во 1/8 финалната рунда од ЕП 2020. „Коцкестите“ одиграа катастрофално лошо на првите два натпревар од грпната фаза и во последното коло имаат обврска да слават во дуелот против селекцијата на Шкотска која идентично како и Хрватска има освоено само еден бод. Победникот од овој натпревар сигурно ќе обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда.

Шкотска во последното коло игра против Хрватска која не делува како некоја голема закана. На овој турнир Хрватска не е на потребното ниво и мислам дека на Шкотска и е отворена вратата за победа и за пласман во следната рунда. Бев импресиониран од нивната игра против Англија. Шкотска во Глазгов, со ваква самодоверба после дуелот во Лондон, има отворена врата кон трите бода, а со вкупно четири, може да обезбеди пласман во 1/8 финалето. Шкотска е тим и ќе даде се од себе за да ги израдува најверните фанови, изјави контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо.
Во истата група ќе биде одигран и натпреварот помеѓу репрезентациите на Англија и Чешка. И двата тима имаат освоено по четири бода, а во прв план ќе бидат калкулациите околу можниот противник во 1/8 финалето.

Двата натпревара ќе стартуваат во 21:00 часот.