четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо како Фергусон, ако не го победи Њукасл

Мурињо како Фергусон, ако не го победи Њукасл

Од силните рекорди кои за време на повеќедецениското менаџирање во Манчестер Јунајтед ги постави Сер Алекс Фергусон, Жозе Мурињо е на чекор да сруши еден, но негативен.

За сега португалскиот експерт е многу блиску да врзе шест натпревари без победа на Олд Трафорд.

Пред повеќе од 28 години, во сезоната 1989/1990 Манчестер Јунајтед имаше шест врзани натпревари на домашен терен без победа. Серијата започна на 25 ноември 1989 година со реми против Челзи на Олд Трафорд, а е завршена на 3 март идната година.

Од тогаш Јунајтед до денес врза уште два пати по четири натпревари без победа пред своите навивачи. И тоа два пати под водство на Жозе Мурињо.

Разликата е што втората црна серија се уште трае и може да ја „загрози“ серијата на клубот под водство на Фергусопн.

Овој викенд на Олд Трафорд доаѓа Њукасл и доколку остане непоразен, Манчестер Јунајтед ќе го има петтиот натпревар по ред кој не го освоил на домашен терен. Се започна на 27 август кога Тотенхем победи со 3:0, а серијата продолжи преку Вулверхемптон во Премиер лигата, Дерби Каунти во Лига купот (2:2 елиминација по пенали) и Валенсија во Лигата на шампионите.

Олеснителна околност за Мурињо и „Црвените ѓаволи“ е тоа што на гости им доаѓа еден од најлошите тимови во Премиер лигата оваа сезона. Екипата на Бенитез дури 9 натпревари нема победа, а последен пат во гости победи во април.

Но,

Во клубот се исплашени дека Манчестер би можел да дојде до уште еден лош резултат, по кој дефинитивно би се одјавил од  борбата за титула, но и пласманот да се најде меѓу четирите најдобри екипи би бил сериозно загрозен.

Ситуацијата во тимот, како што пишуваат медиумите, е катастрофална и Португалецот не успева да ја смири, туку напротив огнот се разгорува од ден на ден.