петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Натпреварот со Јанг Бојс нема да биде одлучувачки

Мурињо: Натпреварот со Јанг Бојс нема да биде одлучувачки

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, пред натпреварот од петтата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите против Јанг Бојс, истакна дека ова не е одлучувачки натпревар.

Сепак, тој сака тимот да игра како да е плеј-оф.

-Дури и ако не победиме, ние се уште нема да зависиме од другите резултати. Ова не е одлучувачки натпревар.Но, сакам да играме од првата минута како ова да е последната шанса да ја поминеме групата. Сакам да заборавиме дека ќе имаме уште една шанса и да играме како да е плеј-оф, изјави Мурињо.

Натпреварот Манчестер Јунајтед – Јанг Бојс се игра вечер од 21 часот.

На табелата во Х-групата води Јувентус со девет бода, Манчестер е втор со 7, Валенсија има пет, Јанг Бојс 1.