понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Очекувам Погба да биде постојан, не да дава по два гола на секој натпревар

Мурињо: Очекувам Погба да биде постојан, не да дава по два гола на секој натпревар

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо постави голем цел пред ѕвездата на „црвените ѓаволи“ – Пол Погба. Португалецот побара од халфот да земе се во свои раце и да биде попостојан на теренот.

Погба не блескаше особено од почетокот на пролетната полусезона и беше оставен на резервната клупа во неколку од натпреварите на Јунајтед во март. Тој, сепак, се појави од првата минута во судирот со Манчестер Сити и реализира два гола за пресврт од 3:2.

– По натпреварот со Сити му реков дека не очекувам секој пат да биде играч на натпреварот или да бележи по два пати секоја недела. Сакам само да биде постојан. Тоа е мојот предизвик кон него, што тој сам треба да си го постави. Сакам да биде стабилен на теренот, а не да има еден добар натпревар, пото не толку добар и на крајот лош, изјави Мурињо.

Од почетокот на сезоната Погба има 10 асистенции и 5 гола во вкупно 29 натпревари.

Подоцна, Јунајтед го пречекува Вест Бромвич во меч од 34 коло на Премиер Лигата.