среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо посочи кое ќе биде идеално финале на ЕП

Мурињо посочи кое ќе биде идеално финале на ЕП

Жозе Мурињо го очекува сериозен предизвик со Рома, но пред истиот во моментов е фокусиран на Европското првенство каде редововно коментира, анализира, критикува се што се случува.

Континенталниот собир досега ни донесе доста возбудувања, се играат елиминациските натпревари што значи се поблиску сме до самиот крај или поточно финалето. Завршниот меч ќе се игра на „Вембли“, а Мурињо го посочи идеалното сценарио, екипите кои сака да ги види во истото -тоа се селекциите на Англија и Италија.

-Без Португалија во конкуренција се чувствувам поврзан со Италија затоа што како тренер на Рома имам играчи во таа репрезентација. Му посакувам се најдобро на Леонардо Спинацола кој игра многу добро, и Брајан Кристанте кој влегува од клупата.

-Италија против Англија во финалето би било совршено сценарио за мене, а јас сега сум навивач на Англија. Би сакал Хари Кејн да му го добие трофејот во рацете одАлександер Чеферин, -порача Мурињо.