Според „Тајмс“ контроверзниот Жозе Мурињо наскоро ќе се врати во Премиер лигата и тоа како менаџер на Арсенал. Ова доаѓа откако Португалецот имал состанок во Лондон со челниците на „топџиите“.
Арсенал во последниот период игра очајно, а таквата игра и резултати Унај Емери го добижуваат на излезните врати од „Емирати“. Шпанскиот стратег, наводно, добил шанса на уште два меча да ја поправи ситуација и да го врати тимот во борбата за топ-4 по три меча без победа во англиската Премиерлига.
Раководстовот на Арсенал не е задоволно од Емери и од односот негов со одредени фудбалери, а меѓу нив главен протогонист е Месут Озил кој воопшто не добива шанса за игра.