Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, изјави дека одлуката за укинување на суспензијата на Манчестер Сити е срамна и катастрофална.
– Ако Манчестер Сити не е виновен, тогаш е срамно да се казни со милион. Ако не сте виновни, тогаш не сте ни казнети. Од друга страна, ако сте виновни, треба да бидете суспендирани. Во секој случај, ова е катастрофа, рече Мурињо, пренесе „Скај“.
Арбитражниот спортски суд (КАС) во Лозана вчера ја прифати жалбата на Манчестер Сити за суспензија на две години од европските натпреварувања. УЕФА го суспендираше Сити во февруари поради сериозно кршење на правилата за фер-плеј помеѓу 2012 и 2016 година. Сити поднесе жалба, а КАС ја прифати жалбата, велејќи дека одлуката на УЕФА е „неоснована и застарена“.
Исто така, казната е намалена од 30 милиони евра на 10.
– Не велам дека е виновен Манчестер Сити. Јас велам, ако не си виновен, тогаш не плаќаш. Дури ни фунта. Знам дека е лесно за нив со пари, но сепак. Ако сте виновни, тогаш треба да бидете суспендирани од натпреварувањето. Не знам дали се виновни или не. Ја критикувам одлуката, изјави Мурињо.