Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека му било потребно повеќе време во Манчестер јунајтед. Португалецот соработуваше со „црвените ѓаволи“ од јули 2016 година до декември 2018 година.
– Во одредени периоди од мојата кариера, не требаше долго за да се постигне успех. Така беше и во Порто, Интер, Реал Мадрид, Челзи. Првиот клуб во кој чувствував дека ми треба време и дека времето не е достапно беше Манчестер јунајтед. Тогаш се чувствував како да заминувам на сред патување, но научив многу рано да ги почитувам одлуките. Она што е направено е готово, да продолжиме понатаму. Ова го кажувам со гордост кога ќе ги напуштам клубовите, истакна Мурињо.
Португалецот се приклучи на Тотенхем 11 месеци по заминувањето од Манчестер јунајтед. Во моментов Тотенхем е лидер во Премиер лигата со 25 бода по 12 кола.