Македонија последен пат играше со Украина на Еуро 2020 кога загубивме со 1-2, кога селектор беше Андриј Шевченко, а сега од пред три дена нова легенда седна на кормилото Сергеј Ребров, со најголем дел исти фудбалери и само придодаден најскапиот Украинец, Михајло Мудрик.
„Сеекогаш кога ќе се собереме за репрезентацијата, чувството е многу добро, знаеме какви момци сме и секој сака да биде тука. Имаме атмосфера која е позитивна, која секогаш била и секогаш ќе биде, а сѐ на крај треба да го заокружиме со добри резултати. За нас позитивен резултат со Украина, која е прв противник и само на неа размислуваме зашто одиме од меч во меч е победа. Кога играте дома и против директен конкурент, секогаш размислувате само на победа, за нас тоа е позитивен резултат“, вели Муслиу, па додаде
„Разликата од Украина на ЕП и сега е прво новиот селектор, но и натпреварувањето. Едно е Европско, други се квалификации, други се калкулациите, но пак ќе кажам, играме дома и не размислуваме на друг резултат“.