Легендарниот Пеле уште како мал му ветил на својот татко дека со Бразил ќе го освои Светското првенство.
Кога Мундијалот се играше во Бразил во 1950 година, тогаш десетгодишниот Пеле му ветил на својот татко дека ќе го направи горд.
„Кариоките“ на тоа СП го завршија натпреварувањето на второто место од Уругвај, а неговиот татко Жоао Рамос до Насименто бил многу депресивен кога сфатил дека златниот медал не му припадна на Бразил.
Дондињо, како што го нарекуваа таткото на Пеле, тешко прифатил дека Бразил не е првопласиран на Светското првенство.
Пеле тогаш му ветил на својот татко дека тој ќе го води Бразил до титулата светски шампион.
Ветувањето го исполни веќе во 1958 година, на 18 години, на Светското првенство во Шведска, за да го повтори истото четири години подоцна во Чиле. Пеле успеа по трет пат да ја крене „божицата“ на Светското првенство во Мексико во 1970 година.
Тој е единствениот фудбалер кој три пати го освоил Светското првенство.