петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

На Чесите им се расипа авионот: Баксуз пред квалификации за СП

На Чесите им се расипа авионот: Баксуз пред квалификации за СП

Поради дефект на авионот чешката фудбалска репрезентација денеска беше принудена за 24 часа да го пролонгира поаѓањето за Шведска за полуфиналниот мундијалски бараж в четврток.

-Чешката репрезентација ќе го промени својот распоред и за Шведска ќе отпатува дури в среда поради дефект на авионот, изјави портпаролот Петр Седиви, не изнесувајќи детали  околу дефектот на леталото.

Натпреварот од полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот 2022 меѓу Шведска и Чешка ќе се одигра во Солна, задутре со почеток во 20:45 часот, а победникот во финалето за противник ќе ја има Полска.

Ова не е првпат Чесите да се соочуваат со проблеми со авионите. Минатото лето, за време на ЕУРО2020, доцнеа на летот од Прага до Будимпешта, каде во осминафиналниот натпревар ја совладаа Холандија со 2-0. (МИА)