Шпанскиот фудбалски сојуз донесе одлука да му додели отказ на селекторот Хулен Лопетеги.
Овој чекор доаѓа на само еден ден пред стартот на Мундијалот во Русија, а е последица на тајните преговори што Лопетеги ги водел со сега веќе неговиот нов клуб Реал Мадрид.
– Бевме принудени на ваков чекор. Не можеме да прејдеме преку вакво однесување и покрај тоа што Лопетеги е одличен тренер. Се што тој направи е без наше знаење, изјави на прес-конференција претседателот на сојузот Луис Рубаилес.
Шпанија на СП ќе игра во групата Б со Португалија (15 јуни), Иран (20 јуни) и со Мароко (25 јуни).