вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

На нашата „арена“ тревникот е очај, а на „Бернабеу“ чудесно се склопува во комора (ВИДЕО)

На нашата „арена“ тревникот е очај, а на „Бернабеу“ чудесно се склопува во комора (ВИДЕО)

Реал Мадрид објави видео кое покажува како функционира спектакуларниот систем за извлекување на тревникот на новиот „Сантијаго Бернабеу“. Работата за целосното реновирање помина долг пат. Кога ќе биде завршен, а се очекува да биде во втората половина на 2022 година, митскиот стадион на Реал ќе добие целосно нов надворешен изглед, но значително ќе се промени и внатрешноста.

Додека на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје тревникот се чува без да се играат натпревари и треба „природно“ да заздрави, еве како тоа се прави во светот.

Реал подигна голем заем за финансирање на реновирањето на Бернабеу, кој ќе се враќа со децении, а со камати бројката ќе се приближи до 800 милиони евра. Со голем број нови објекти, од ресторани и барови до бутици и хотели, челниците на Реал очекуваат дека новиот Бернабеу ќе стане фабрика за пари и дека отплатата на кредитот нема да биде проблем.

Реал Мадрид со гордост истакнува дека ќе биде стадион од 21. век, пример за дигитална иднина. Ќе биде опремен со видео екран од 360 степени и подвижен покрив.

Меѓу многуте „чуда“ се издвојува можноста за склопување на теренот и негово складирање во посебна комора.

Бидејќи Реал Мадрид нема намера да живее на стадионот 24 часа на ден и може да биде домаќин на настани кои немаат никаква врска со фудбалот, од други спортови до концерти, саеми и конгресни собири, можноста за брзо движење и враќање на тревникот во првобитната положба е од витално значење.