четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

На „Олимпико“ сепак нема да се гледа финалето на ЕУРО2020

На „Олимпико“ сепак нема да се гледа финалето на ЕУРО2020

Градската управа на Рим не го прифати предлогот на градоначалничката Вирџинија Раџи за организирано следење на вечерашното финале на ЕУРО2020 на Олимпискит стадион во италијанската престолнина.

Градоначалничката на Рим предложи ограничен број од 16.000 навивачи да можат од трибините на стадионот „Олимпико“ да го гледаат финалниот натпревар на Италија против Англија на „Вембли“, но не доби поддршка поради загриженоста од можно ширење на заразата со Ковид-19.

Италијанските навивачи, сепак, ќе можат да го следат финалето против Англија во фан-зони во близина на Колосеумот и Пјаца дел Пополо, каде организирано се следеа сите натпревари на Италија на ЕУРО2020. (МИА)