петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

На повидок епска размена: Најскапиот играч на Сити за најдобриот во Серија А

На повидок епска размена: Најскапиот играч на Сити за најдобриот во Серија А

Манчестер Сити размислува да испрати официјална понуда до Милан, а таа би била околу размена од епски карактер.

На „Итихад“ не се задоволни од учинокот на своето најскапо засилување во историјата – Џек Грилиш. Играчот платен над 100 милиони евра не се прослави и очигледно не успеа да се вклопи во системот на стратегот Пеп Гвардиола.

Со оглед на квалитетите кои ги поседува, Грилиш би можел да биде големо засилување за било кој друг клуб, а прв во редот стои актуелниот италијански шампион Милан.

„Росонерите“ веќе некое време како се интересираат за англискиот репрезентативец, но имаат еден прилично голем проблем – неговото доаѓање на „Меаца“ е прескапо. Поради тоа во Милан размислуваат до Сити да испратат понуда за позајмица, но според италијанските медиуми во Манчестер Сити се досетиле на уште подобар план.

Имено, Сити има намера да реализира размена која на „Итихад“ би го донела најдобриот играч во Серија А за минатата сезона. Станува збор за португалскиот репрезентативец Рафаел Леау, кој минатта сезона го предводеше Милан до Скудетото и сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч.

Милан и Леау имаат големи проблеми во пронаоѓањето решение за продолжување на соработката. Сјајниот Португалец, кој игра на истата позиција како и Грилиш, не сака да го продолжи договорот со Милан кој има важност до 2024 година.

Она што Леау го бара, а Милан не може да му го исполни, е годишна плата од 10 милиони евра. „Росонерите“ никогаш во својата историја на никој играч не му дале 8 или повеќе милиони, а воедно тоа е и правило на клубот. Преговорите на двете страни и натаму се во тек, а Сити, кој нема финансиски проблеми, сака тоа да го искористи и да го донесе 23-годишниот Леау во своите редови.

Грилиш за Леау – тоа дефинитивно би било епска размена!