вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Над 100 новинари акредитирани за натпреварот Португалија – Македонија

Над 100 новинари акредитирани за натпреварот Португалија – Македонија

Финалето од плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар, вечерва на „Драгао“ ќе го следат голем број на медиумски работници.

Според последните информации, акредитирани се 102 новинари, 37 фоторепортери, а од лице место ќе коментираат 8 телевизиски и тројца радио коментатори.

Натпреварот Португалија – Македонија кај нас ќе може да се следи на Спорт Клуб со коментар на македонски јазик.