петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Најбараниот плејмејкер доаѓа во ПСЖ

Најбараниот плејмејкер доаѓа во ПСЖ

ПСЖ имаше спектакуларен преоден рок во кој донесе еден куп мега ѕвезди во своите редови, а го плати само Ашраф Хакими и тоа 60 милиони евра.

Додека се чека дебито на Меси, клубот, како што тврдат француските медиуми, го договори и 18-годишното чудо од Рен, Едуардо Камавинга за кого последните месеци беа заинтересирани Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Камавинга вчера го одигра последниот натпревар за Рен и, наводно, веќе се простил од соиграчите и навивачката група на овој клуб.

Неговиот договор истекува идното лето, па Рен немаше избор, освен да го продаде сега за 30 милиони евра.