Светското првенство во Катар се игра во ноември и декември оваа календарска година, настан на кој за жал нема да биде нашата репрезентација која беше само на една победа во испишување на нова историја.
Меѓутоа животот продолжува, фудбалот продолжува и ние ќе можеме да ја побараме нашата шанса во некоја друга прилика, ама повеќе од јасно е дека не сме единствените кои нема да бидеме во Катар, односно има и други селекции, познати имиња, ѕвезди кои ќе мораат да се помират со тоа дека првенство ќе мораат да го проследат од некоја друга позиција.
Веќе познаа да се прават избори, состави на најдобрите единаесет кои нема да бидат на СП, единаесетка во која најзастапени се Италијаните, репрезентација која ја елиминиравме во полуфиналниот бараж.