Колку добро спиеме најмногу се врти околу нашиот деноноќен ритам, или внатрешниот часовник на телото што регулира кога се чувствуваме поспани.
Според лиценцираниот клинички психолог, Арик Пратер, вежбањето во исто време секој ден е еден од најдобрите начини за тоа.
– Физичката активност се покажа како ефикасна за одржување на деноноќниот ритам кај луѓето. Вежбањето во исто време секој ден ќе го тренира вашиот ритам и ќе го направи попредвидлив за вашето тело – објаснува психологот за Mind Body Green.
Вежбањето, особено интензивните вежби кои ја зголемуваат телесната температура, два часа пред спиење може да им отежнат на некои луѓе да заспијат. Ова го прави утрото совршено време за вежбање, особено ако времето е добро за вежбање надвор. На овој начин ќе добиете утринска светлина, која ќе ви помогне да го тренирате вашиот деноноќен ритам, и малку енергија што ќе ја носите со себе во остатокот од денот.
Дури и древната традиција на Ајурведата долго време учи дека вежбањето е најдобро помеѓу 6 и 10 часот наутро. Се разбира, ако вашиот распоред не дозволува утрински вежби, секое движење е дефинитивно подобро од ниедно – само обидете се да го направите тоа неколку часа пред да планирате да легнете. А што се однесува до типот на вежбање, секоја вежба во која уживате и во која сте во чекор е одличен почеток.