сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Најголемиот губитник на Мундијалот повторно главна тема: Откриено дали Никола Калиниќ ќе го добие медалот

Најголемиот губитник на Мундијалот повторно главна тема: Откриено дали Никола Калиниќ ќе го добие медалот

Стигна и одговорот на прашањето кое со денови ја мачеше Хрватска: Ќе добие ли Никола Калиниќ медал?

Во една емисија на хрватска телевизија гостуваа челниците на фудбалската федерација на Хрватска кои одговараа на прашања кои ја интересираа тамошната јавност.

Тема на разговор беше иднината на репрезентацијата, дали Далиќ ќе остане селектор, „реконструкцијата“ на тимот и уште многу теми за кои зборуваа гостите, но дефинитивно главниот разговор се водеше околу фудбалерот кој на почетокот на Мундијалот беше отстранет од тимот, Никола Калиниќ.

Ќе добие ли „најголемиот губитник“ медеал?

-Тоа дека избркан од тимот е малку пресилен збор, тој со одлука на селекторот беше оддалечен од тимот и тоа на крајот се покажа како добра одлука. Што се однесува до медалот, она што јас го знам, е дека Никола Калиниќ со одлука на играчите и стручниот штаб исто така ќе го добие својот медал, кажа Томислав Пацак, портпаролот на хрватската федерација.