вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Најромантичниот момент од Светското првенство во Катар (ФОТО)

Најромантичниот момент од Светското првенство во Катар (ФОТО)

Фотографија од Лео Меси и неговата сопруга Антонела направена на финалето на СП во Катар привлече огромно внимание во јавноста, бидејќи на неа славниот фудбалер е во улога на фотограф.

По крајот на натпреварот против Франција, фудбалерите на Аргентина славеа со најблиските, а еден детаљ привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Фотографијата на која Лео Меси ја фотографира Антонела, додека го држи и бакнува пехарот, ги разнежни срцата на навивачите. Многумина се пошегуваа на негова смета, забележувајќи дека иако е светски шампион сепак мора да ја фотографира жена му.

„Можеш да бидеш најдобар во светот, но на жена ти секогаш си ѝ фотограф“, вели еден од коментарите на Instagram.

Овој момент за многумина е најромантичниот детаљ од Светското, покрај многуте пофалби и комплименти кон Меси за овој потег.

Антонела фотографијата ја објави на Instagram, со описот „Без зборови“.

Меси и Антонела се знаат од деца, а двојката има три сина. Многумина се одушевени од нејзиниот природен изглед и убавина, со оглед на тоа што Антонела не ги следи моменталните трендови на убавина.