среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Најскапиот играч во Премиерлигата повторно во проблеми, дрво пијан пред ноќен клуб (ВИДЕО)

Најскапиот играч во Премиерлигата повторно во проблеми, дрво пијан пред ноќен клуб (ВИДЕО)

Џек Грилиш минатото лето се пресели во Манчестер Сити во зделка вредна 100 милиони фунти и стана најскапиот играч во Премиерлигата. Англичанецот сепак не успева да се прилагоди идеално во новата средина и игра под очекувањата.

И не само тоа, животот надвор од терените му создава главоболки на Пеп Гвардиола, кој веќе еднаш го казни Џек Грилиш поради забава до раните утрински часови.

На тренерот нема да му се допадне последниот „излет“ на Џек Грилиш, кој решил да излезе со соиграчите Кајл Вокер и Ријад Марез. На Англичанецот не му бил дозволен влез во ноќен клуб бидејќи бил дрво пијан.