среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Најстариот македонски фудбалски клуб го прослави 101. роденден!

Најстариот македонски фудбалски клуб го прослави 101. роденден!

Можеби звучи неверојатно, но македонскиот фудбалски клуб Љуботен го слави 101. роденден и важи за тим кој е најстар во нашата држава.

Клубот има преживеано буквално се, но се уште стои на нозе и игра активно во македонските фудбалски лиги. Беше на работ на згаснување, но се спаси, па активно игра во третолигашката конкуренција.

ФК Љуботен е формиран на 28 март, 1919 година, од група тетовски гимназијалци. На почетокот истиот се викал „Тетовско младинско друштво“, за потоа да го добие името ФК Љуботен. Како прв претседател на Љуботен се води Јован Марковски, а во првиот управен одбор биле Симо Момировски, Никола Павловски-Бутика, Стеван Јовановски, Момчило Ќириќ, Александар-Цане Поповски и Крсто Димитриевиќ.

Тетовскиот клуб важи за екипа со традиција, затоа што во минатото воспита многу генерации на спортисти. Многумина од нив дојдоа да играат во фудбалската репрезентација на Македонија, како и најдобрите македонски и за бројни странски екипи.

Љуботен својот 101. роденден го слави во Третата лига-Запад каде е во долниот дел на табелата со само десет освоени бода.