петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Напаѓачот на автобусот на Дортмунд во 2017-та доби 14 години затвор

Напаѓачот на автобусот на Дортмунд во 2017-та доби 14 години затвор

Сергеј Венерголд (29) денеска беше прогласен за виновен за обид за убиство од страна на Судот во Дортмунд, поради нападот врз автобусот на Борусија Дортмунд во април 2017 година и беше осуден на 14 години затвор.

Според Судот, Вернерголд извршил кривично дело со идеја да наштети на Борусија и да натера акциите на клубот да изгубат вредност, за да се збогати.

Според обвинението, при успехот на неговиот план тој можел да освои околу 500.000 евра.