сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Направени четири промени во правилата за изборот на „Златна топка“

Направени четири промени во правилата за изборот на „Златна топка“

Француски „ЛЕКИП“ реши да ги промени правилата за престижниот избор на „Златната топка“ и тие сигурно ќе влијаат врз наредните изданија. Направени се четири промени, од кои најважните се тие поврзани со периодот кој ќе биде сметан во изборот секоја година, како и бројот на гласачи.

Досега „Златната топка“ се доделуваше за постигнувањето во текот на календарската година, а од новото издание во игра ќе бидат игрите и резултатите од една сезона. Во превод „Златната топка“ за 2022 година ќе се доделува за случувањата до јули 2022 година. Светското првенство во Катар ќе се одржува кон крајот на годината и ќе влезе во наредната сезона, што значи дека ќе влијае на изборот дури во 2023 година.

„Лекип“ реши да го намали и бројот на гласачи, па во изборот ќе учествуваат претставниците само на земјите кои се во Топ 100 на ФИФА ранкингот, наместо досегашните 170 земји кои имаа удел во одредувањето на победникот. Во иднина кандидатите за сите награди кои се доделуваат ќе бидат одредувани не само од уредниците на „ЛЕКИП“, туку и од неколку фудбалски и новинарски имиња, а посочена е и важноста на критериумите за доделување на главното признание. Најважниот останува индивидуалните настапи, потоа следуваат трофеите бидејќи фудбалот е колективен спорт, а трет критериум ќе биде однесувањето и фер-плејот на одреден фудбалер.