Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација Карим Бензема (34) призна дека воопшто не му попушта на петгодишниот син Ибрахим кога се во прашање фудбалските тренинзи и дека кон него има прилично остри методи.
Одличниот напаѓач на Реал Мадрид пред неколку дена за првпат ја доби Златната копачка, наградата за најдобар фудбалер во светот, а ја заслужи откако ги предводеше кралевите до трофеи во Ла Лига и Лигата на шампионите.
34-годишниот напаѓач наградата ја доби во Париз, а наградата ја посвети на семејството, пред се на петгодишниот син Ибрахим.
Ибрахим е роден во врската на Карим со Кора Готје. Тој веќе покажува одреден интерес за фудбалот, а напаѓачот на Реал Мадрид тврди дека покажува исклучителен талент.
„Мојот син Ибрахим е одличен во фудбалот, но не му попуштам секогаш кога тренирам со него“, изјави напаѓачот на Реал Мадрид и додаде:
„Ако не ме слуша кога му ја додавам топката или кога ја има топката во неговите нозе, се однесувам како навистина да сме на теренот. Не ми се допаѓа „тато ќе плачам“ „Или „тажен сум“. Не сум секогаш добар со него кога е фудбалот во прашање“, изјави Карим Бензема.
Малиот Ибрахим има се што сака да напредува во фудбалската кариера. Карим може да му обезбеди апсолутно се и се што треба да направи е да тренира напорно.
Се разбира, тој е уште мал за да знае каков талент навистина е. Сепак, Карим сигурно знае да го препознае и не без причина би тврдел дека Ибрахим е многу талентиран.

Татковите гени се таму. Сепак, Карим беше многу повеќе „гладен“ за успех бидејќи потекнува од сиромашно семејство, па прашање е дали неговиот мал син ќе има волја и желба за фудбал кога ќе сфати дека има речиси се во животот.
Карим Бензема е жител на Мадрид веќе 14 години. За Реал одигра 616 натпревари и постигна 329 голови. Со овој клуб освои речиси се што можеше.